Трета лигаФудбал

Камјани е лидер во Трета лига – Запад, но кои екипи се конкуренти за баражот за Втора лига?

Сподели
Сподели

Борбата за обезбедување на првото место во Трета лига – Запад ќе биде исклучителна неизвесна, бидејќи во пролетниот дел неколку екипи ќе се „тркаат“ кој да биде шампион и да го обезбеди баражот за Втора лига.

Овој регион лидер е Камјани кој има 27 бодови, дури пет повеќе од конкурентот Влазерими од Кичево кој со 22 бодови е на второто место, а пак Вардар од Брвеница со 21 бод е трет.

Ова ќе биде тројката која ќе се бори за првата позиција, а од сенка ќе се обиде да направи изненадување кичевски Напредок кој е четврти со 19 бодови, но ќе биде исклучително тешко.

Камјани зависи сам од себе, пет бодови не е голема предност, притисокот е голем, бидејќи и Вардар Брвеница се надева дека со добри резултати ќе може да ја надокнади бодовната разлика и да го стигне Камјани.


Сите екипи во пролетниот дел ќе влезат со по неколку засилувања во ростерите, со цел поголем квалитет пред клучните пролетни предизвици кога многу работи ќе се решаваат.

Дали Камјани ќе успее да го сочува врвот, или пак Влазерими и Вардар Брвеница ќе успеат да се искачат на врвот или можеби Напредок ќе направи изненадувања – останува да видиме што ќе донесат пролетните предизвици и колку екипите се подготвени за тој предизвик.

Како што е познато шампионите во Трета лига немаат директен влез во Втора лига, па без разлика која од овие екипи стане шампион, а не го помине баражот, следната сезона одново ќе биде во третолигашкото друштво.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!