ИнтернационалциФудбал

Македонскиот стратег Емил Грнев со реми дебитираше на клупата на Санта Луција

Сподели
Сподели

Македонскиот стратег Емил Грнев денеска го имаше своето деби како шеф на стручниот штаб на Санта Луција во Втората лига на Малта, откако неговиот тим одигра 2:2 против Мелита – екипа која се бори за пласман во Првата лига.

Се одигра исклучително возбудлив натпревар, во кој Санта Луција прикажа добра тактичка поставеност и јасна фудбалска филозофија под водство на Грнев, но примен гол во 89. минута значеше испуштени три бода.

Резултатот го отвори Адријан Борг во 35. минута, со што тимот на Грнев на полувреме замина со предност од 1:0. Во второто полувреме Матијас Вела израмни на 1:1 во 76. минута, но само пет минути подоцна Санта Луција повторно дојде во водство. Македонскиот напаѓач Филип Петковски беше прецизен и погоди за 2:1.

Сепак, гостите успеаја да избегнат пораз, откако интернационалецот од Нигерија, Квадри Алионида, во 89. минута постигна гол за конечни 2:2 и поделба на бодовите.


На овој начин, искусниот стратег Емил Грнев со реми ја започна својата тренерска епизода во Малта. Тој работи заедно со Борче Постолов како негов прв асистент, за што веќе информираше Спортска Мрежа, додека дел од стручниот штаб е и Португалецот Рубен Круз, кој ја извршува улогата на аналитичар.

Во следното коло, Санта Луција под водство на Грнев ќе гостува кај второпласираниот тим Бирзебуга.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!