РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

ЕХФ ја исправи грешката со нова ждрепка: Македонија ќе го игра реваншот во Скопје

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) направи измена во распоредот на бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство 2027, откако при првичната ждрепка беше забележана процедурална неправилност која директно ја засегна македонската репрезентација.

Македонија, како носител во извлекувањето, според правилникот треба да ја има предноста реваншот да го игра на домашен терен. Сепак, при првата ждрепка редоследот на влечење на екипите доведе до спротивен распоред, со што нашата селекција требаше да биде гостин во вториот натпревар.

По реакциите и дополнителната проверка, од ЕХФ ја повторија постапката и го исправија пропустот. Со новата распределба, Македонија ќе го одигра првиот бараж дуел на гости против победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка, додека одлучувачкиот реванш е закажан да се игра пред македонска публика во Скопје, на 16/17 мај. Првиот натпревар ќе се игра на 13/14 мај.

Со оваа корекција, македонската машка репрезентација доби можност пред своите навивачи да го брка јубилејниот, десетти пласман на светските ракометни првенства, што дополнително ја зголемува важноста на мајските бараж-пресметки.


Инаку, дебито на македонската репрезентација на Светските првенства беше во далечната 1999 година. Тогаш Светското првенство се играше во Египет, а Македонија заврши на 18. место. Низ историјата Македонија играше на СП во 1999 во Египет, потоа на СП 2009 во Хрватска, а потоа фативме континуитет со учество на СП 2013 во Шпанија, две погоди подоцна во Катар, па 2017 во Франција, во 2019 во Данска и Германија, 2021 година во Египет. Нашата репрезентација по осми пат учествуваше на СП 2023 во Полска и Шведска, како и на последното СП пред две години, а домаќини беа Хрватска, Данска и Норвешка.

Светското првенство 2027 година ќе се игра во Германија, предвидено е да започне на 13 јануари, а финалето е закажано за 31 јануари со учество на 32 ракометни репрезентации.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!