Ракомет

Антонио Николоски започнува интернационална авантура во БиХ

Сподели
ФОТО: РК Слога Добој | Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот ракометар Антонио Николоски ја продолжува кариерата надвор од границите на државата и во пролетниот дел од сезоната ќе настапува во шампионатот на Босна и Херцеговина. Левиот бек постигна договор со суперлигашот Слога Добој, клуб кој прикажа одлични партии во првиот дел од сезоната и беше активен и на европската сцена.

Николоски доаѓа од редовите на Младост Богданци, клуб во кој ги мина сите младински категории и за кој настапуваше и на сениорско ниво. Роден е на 25 ноември 2004 година и важи за еден од понадежните македонски ракометари на својата позиција. Во минатото беше дел и од кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

Босанскиот тим веќе го промовираше македонскиот ракометар. Слога Добој сезонава привлече внимание и со настапите во Европскиот Куп, каде што беше противник на Охрид, што дополнително зборува за амбициите и квалитетот на босанскиот тим. Според договорот, Николоски ќе остане во Добој најмалку до крајот на актуелната сезона, период во кој ќе има можност да стекне значајно интернационално искуство.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко,...

Поврзани написи
Ракомет

Загреб без милост кон Египет, втор триумф на „Крсте Андоновски“ и чекор поблиску до полуфинале

Ракометарите на Загреб продолжуваат со одличниот настап на петтото издание на меморијалниот...

Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!