Ракомет

Филип Николов, официјално нов бек на Алкалоид

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометниот клуб Алкалоид денеска официјално го промовираше новото засилување во своите редови. Станува збор за десниот бек Филип Николов, кој ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот во двата правци на играта.

Николов има 26 години и во Алкалоид доаѓа по неколку сезони минати во дресот на РК Бутел Скопје. Македонскиот ракометар потекнува од Велес, а во својата досегашна кариера настапуваше и за екипите на РК Радовиш и РК Охрид.

Со неговото ангажирање, стручниот штаб на Алкалоид добива уште една опција на бековските позиции, а Николов ќе има задача да придонесе со стабилност и енергија во двете фази од играта.

Алкалоид продолжува со кадровско екипирање во пресрет на продолжението од сезоната, а од новото засилување се очекува брзо да се вклопи во тимот и да даде свој придонес во амбициите на клубот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!