Втора лигаТрета лигаФудбал

ВИДЕО: Брегалница подобра од Еуромилк ГЛ на пријателски меч во Штип

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Денес на Градскиот стадион во Штип се одигра пријателски натпревар меѓу поранешните прволигаши Брегалница и Еуромилк ГЛ, а кој заврши со триумф за штипјани од 2:1.

Новото засилување Јорданчо Наумоски беше стрелец на првиот гол за Брегалница, кој погоди во првиот дел, а пак во вториот дел гол постигна и Лука Бојаџиев. За тимот од Горно Лисиче атрактивен еврогол од слободен удар постигна Михајло Митров за конечни 2:1, погодок со кој се отвори резултатот во Штип, по што „сините“ го свртеа резултатот.

Двете екипи во пролетниот дел ќе имаат цел за натпреварување во ранг погоре. Второлигашот Брегалница сака да се врати во Прва лига, а пак третолигашот Еуромилк ГЛ сака враќање во Втора лига.

Двете екипи во следниот период ќе продолжат со одигрување на пријателски натпревари со цел подигање на формата и максимално подготвени да влезат во пролетниот дел од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

Прва лигаФудбал

Кадри: Не се предаваме, продолжуваме да го даваме максимумот

Дуелот меѓу Тиквеш и Шкупи се очекува да ја потврди позитивната серија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!