Останато

Лина Ѓорческа со победа стартуваше на фјучрсот во Порто

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

По настапот во квалификациите на Австралија опен, нашата најдобра македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на фјучрс турнирот во Порто, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари. Во мечот од првото коло, Ѓорческа ја совлада Ралука Шербан од Кипар со 2:0 во сетови (6:4, 6:4), што претставува нејзина трета победа во исто толку меѓусебни дуели со оваа ривалка.

Во првиот сет, двете тенисерки имаа проблеми на свој сервис на самиот почеток, но Ѓорческа прва успеа да направи разлика, поведувајќи со 4:2 во гемови. Македонската тенисерка го задржа ритамот и стигна до водство од 5:2, по што Шербан успеа да намали на 5:4. Сепак, Ѓорческа сигурно го одигра десеттиот гем и го доби сетот со 6:4.

Во вториот сет, кипарската тенисерка имаше предност од 4:2, но Ѓорческа одговори со серија од четири освоени гема и со тоа го затвори сетот со 6:4, а мечот со убедливи 2:0 во сетови.

Во следното коло, Ѓорческа ќе се соочи со победничката од дуелот меѓу Настасја Шунк од Германија и Ајла Аксу од Турција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за својот голем...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!