Останато

Министерството за спорт инвестира во спортската инфраструктура – Струмица доби современ центар за спорт и рекреација

Сподели
ФОТО: Министерство за спорт
Сподели

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, како основа за унапредување на македонскиот спорт и поттикнување на физичката активност кај граѓаните.

ФОТО: Министерство за спорт

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, го пушти во употреба мултифункционалниот спортски центар во склоп на СОУ „Јане Сандански“, лоциран во центарот на градот кој е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за спорт.

Во рамки на современо уредениот простор за спорт и рекреација изградени се игралиште за фудбал и ракомет, кошаркарски и одбојкарски терени, како и трибина. Спортските терени се од отворен тип и се наменети првенствено за потребите на учениците од струмичката гимназија, но и за сите граѓани кои сакаат активно да го користат слободното време.

ФОТО: Министерство за спорт

Министерството за спорт останува целосно посветено на развојот на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел спортот да биде достапен за сите граѓани и да се создадат подобри услови за здрав и активен начин на живот.


ФОТО: Министерство за спорт

Со континуираните инвестиции во спортски објекти, Министерството за спорт ја потврдува определбата дека ветените проекти се реализираат во интерес на граѓаните и на македонскиот спорт.

ФОТО: Министерство за спорт


Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!