Ракомет

Младост 1977 врши уписи: Нова шанса за младите ракометни таленти во Богданци и околината

Сподели
Сподели

Ракометната академија на РК Младост 1977 официјално ги отвори уписите за нови членови и започнува со работа со најмладите генерации. Клубот врши упис на машки и женски деца родени 2012 година и помлади, со цел создавање на нови ракометни таленти и правилен спортски развој уште од најрана возраст.

Тренинзите ќе започнат на 2 февруари 2026 година (понеделник) со почеток од 19:30 часот, а ќе се одржуваат три пати неделно – во понеделник, среда и петок, во спортската сала „Млаз“ во Богданци. За децата од околните села обезбеден е организиран превоз, со што се олеснува нивното редовно присуство на тренинзите.

Академијата ќе работи под водство на тренери со големо ракометно искуство и богати кариери, поранешни врвни спортисти и репрезентативци – Далибор Лукиќ, Анастасија Станковска и Анита Туранова. Тие ќе им овозможат на младите не само да ги совладаат основите на ракометната игра и правилата, туку и да стекнат знаење за дисциплината, тимскиот дух и богатата историја на РК Младост и ЖРК Млаз од Богданци.

Како дополнителна мотивација, секој нов член ќе добие маица од клубот, а уписите се веќе во тек.

За подетални информации и пријавување, заинтересираните можат да се јават на контакт телефон: 078/277-860. Младост 1977 уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на ракометот во југоисточниот регион – каде дефинитивно ракометната школа на Младост 77 е најдобра во Југоистокот, но со сигурност и низ целиот Исток од Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер. На стадионот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!