Останато

Борачот Даријан Павлев е спортист на годината на Кочани за 2025

Сподели
Сподели

Општина Кочани, во соработка со Асоцијацијата на новинари од Кочани, го реализира традиционалниот избор на најуспешните спортисти и спортски работници за изминатата година.

Признанието Спортист на годината за 2025 му припадна на Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб Спартак, кој со своите резултати ја обележа спортската година во градот. Второто место го освои Филип Стојанов од Карате клубот Партизан, додека третопласирана е каратистката Наталија Карова од Карате клубот Кочани.

Во категоријата Млади надежни спортисти, признание добија сите предложени кандидати, како потврда за перспективата и потенцијалот на младите таленти од Кочани.

За најдобра екипа е избрана ЖФК Кочани, додека признанието најдобар тренер му припадна на Игор Каров, тренер на Карате клубот Кочани. За најдобар спортски работник е избран Оливер Јовановски, за неговиот долгогодишен придонес во развојот на спортот.


Специјална постхумна награда ќе му биде доделена на Андреј Лазаров од Оризари, фудбалер, кој трагично го загуби животот минатата година во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Свеченото доделување на признанијата во рамки на манифестацијата „Спортист на годината“ технички ќе го организира ОФС Кочани, а датумот и локацијата кога овој настан ќе се одржи ќе биде дополнително објавено.


Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!