Кошарка

Тиквеш славеше во „Јасмин“, Феникс демонстрираше моќ во градското дерби

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Со два возбудливи натпревари продолжија возбудувањата во 12. коло од македонската кошаркарска Суперлига, во кое победи запишаа екипите на Тиквеш Голден Игл и Феникс 2010. Ова беше прво пролетно коло со што стартува вториот дел од македонскиот шампионат.

Во салата „Јасмин“ во Кавадарци, Тиквеш дојде до исклучително важен триумф против директниот ривал Гостивар со 81-73, победа која значително ги зголемува шансите на домаќинот во борбата за опстанок. Натпреварот беше неизвесен во поголемиот дел, а Гостивар дури и замина на полувреме со минимална предност (44-42), како и по третата четвртина (61-55).

Сепак, клучниот момент се случи во последните десет минути, кога кавадарчани одиграа најдобро кога беше најпотребно. Со силна одбрана и ефикасен напад, Тиквеш ја доби завршната четвртина со убедливи 26-12 и направи целосен пресврт за четврта победа сезонава.

Најефикасен кај победничкиот состав беше Стефан Глигоријевиќ со 25 поени и седум скока, додека значаен придонес даде и Џаванте Хокинс со 21 поен, седум скока и седум асистенции. Кај Гостивар се истакна Јован Црниќ со 25 поени, а Диксон додаде 12.

Во вториот натпревар од колото, Феникс 2010 на убедлив начин го доби градското дерби против Ангели, славејќи како гостин со високи 99-60 во салата „Независна Македонија“. Иако првата четвртина донесе рамноправна игра, гостите брзо ја презедоа контролата и веќе до полувремето имаа недостижна предност од 50-29.


Феникс доминираше и во продолжението, особено во третата четвртина која ја доби со 31-14, а највисоката разлика достигна и до 44 поени. Во финишот, тренерот им даде шанса и на помладите кошаркари, кои одлично ја искористија минутажата.


Младиот Амар Грбовиќ беше еден од најдобрите на паркетот со дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скока, додека по 14 поени постигнаа Златевски и Метјус. Кај Ангели, единствен двоцифрен беше новакот Рубин Стефанов со 13 поени.

Возбудувањата од 12. коло продолжуваат утре со три натпревари – од 16 часот Маџари го пречекува актуелниот шампион МЗТ Скопје, од 18 часот МКК Куманово ќе игра против Чаир, додека од 19 часот во Битола ќе се одигра дербито меѓу Пелистер и Работнички. Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот меѓу ТФТ Скопје и Кожув, кој започнува во 16 часот.


Сподели
Поврзани написи
Кошарка

Одредени се термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата

Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите...

Кошарка

Кошаркарскиот караван ќе гостува во Охрид

Овој викенд, салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на уште...

Кошарка

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре...

Кошарка

Шампионот во М20 кошаркарската лигата ќе биде промовиран во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб „Кожув“од Гевгелија ќе биде организатор на завршниот турнир во М20...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!