Прва женска фудбалска лигаФудбал

Четири признанија за ЖФК Каменица Саса на изборот „Спортист на годината за 2025“ во Македонска Каменица

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса имаше исклучително успешна вечер на спортската манифестација „Спортист на годината“ во Македонска Каменица, каде за остварувањата во 2025 година освои дури четири значајни награди.

На самата свеченост која се одржа вечерва – Зоран Златковски кој е шеф на стручниот штаб на ЖФК Каменица Саса, доби признание за тренер на годината во сениорска конкуренција за 2025 година во Македонска Каменица.

Најголемо индивидуално признание во рамки на клубот ѝ припадна на Ана Димитровски, која беше наградена како најдобар стрелец во историјата на ЖФК Каменица Саса, признание што зборува за нејзиниот континуиран придонес и голгетерски инстинкт низ годините.

Тренерската работа исто така доби заслужена потврда, откако Драгана Костова беше прогласена за најдобар тренер во младинските категории за 2025 година, благодарение на посветената работа и развојот на младите фудбалерки.

Во конкуренција на млади спортисти, Јована Петрушевска ја понесе титулата најдобра спортистка во младинските категории за 2025 година, додека заокружување на големиот успех дојде со признанието за најдобра младинска генерација, која го освои второто место на државно ниво во Македонија.

Овие награди претставуваат силно признание за континуираните резултати на ЖФК Каменица Саса, клуб кој успешно се натпреварува во Првата женска фудбалска лига и кој со својата работа и резултати остави силен печат во текот на 2025 година. Истовремено, тие се и дополнителен мотив за уште поголеми амбиции и успеси во 2026 година, како и мотив во иднина клубот да ја врати шампионската титула во своите витрини.

Свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2025 година“ беше организирана од здружението на граѓаните „Багери“, со претседател Звонко Прангов.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!