Европско првенство 2026Ракомет

Данска со силно второ полувреме ја „скрши“ Шпанија и чекори кон полуфиналето

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Данска уште еднаш покажа зошто важи за еден од главните фаворити на Европското првенство. Домаќинот во Хернинг славеше убедлива победа над Шпанија со 36:31 и со тоа направи голем исчекор кон пласман во полуфиналето, додека „црвената фурија“ практично ги загуби сите надежи за место меѓу најдобрите четири.

Натпреварот започна во висок ритам, со Данците кои рано наметнаа свое темпо и поведоа, но Шпанија не дозволи резултатска ерупција. Во текот на првото полувреме се играше израмнето, со минимална предност за скандинавската селекција, која на пауза замина со плус два.

Возбудувањата продолжија и на стартот од вториот дел, кога Шпанците накратко успеаја да израмнат, но токму тогаш следуваше клучниот момент на мечот. Данска ја затегна одбраната, голманот Емил Нилсен влезе во серија одбрани, а нападот проработе преку брзите крила и транзицијата. Серјата од неколку голови без одговор ја однесе Данска на убедлива предност, која до крајот рутински ја сочува.

Најефикасен во победничкиот табор беше Емил Јакобсен со осум погодоци, додека значаен придонес дадоа и Киркелоке и Питлик со по шест голови. Кај Шпанија, најрасположен беше Маркос Фис, кој постигна девет погодоци, но неговиот учинок не беше доволен за да се избегне поразот.


Со овој триумф Данска останува во одлична позиција во групата и со голема самодоверба го очекува следниот предизвик, додека Шпанија ќе мора да се помири со фактот дека ова Европско првенство ќе го заврши без борба за медал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!