Струга за продолжението од сезоната односно за пролетниот дел остана без Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски и чуварот на мрежата Александар Ѓурѓевиќ.
Двајцата ракометари ќе имаат нови предизвици во нивните кариери, откако по шест месеци одлучија да направат промена и да замина од Струга.
Искуството на Атанасовски и Ѓурѓевиќ беше клучно во освојувањето на бодовите на Струга, особено за да се добијат дуелите со Радовиш во трката за опстанок во Суперлигата.
Струга во пролетниот дел ќе се потпира на млади ракометари, а целта ќе биде опстанок во Суперлигата. Минатата сезона стружани во Прилеп играа бараш против прволигашот Мулти Есенс кој го добија и така ја спасија сезоната односно го изборија опстанокот.