Трета лигаФудбал

Третолигашот Овче Поле го закажа стартот на зимските подготовки!

Сподели
Сподели

Третолигашот Овче Поле од Свети Николе на 28 јануари ќе ги започне зимските подготовки за предизвиците кои ќе бидат кон клубот.

Со првата прозивка и првиот тренинг на Градскиот стадион во Свети Николе третолигашот ќе ја започне мисијата за обезбедување на првото место во Трета лига – Исток, кое води кон баражот за Втора лига.

Овче Поле во сезона 2021/2022 беше шампион во Трета лига – Исток и играше бараж за влез во Втора лига, но истиот го загуби од сега веќе прволигашот Арсими и така остана во третолигашкото друштво на Истокот.

Според информации на Спортска Мрежа ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари кои ќе послужат како проверка за како оди подигањето на формата.


Овче Поле есенскиот дел во Трета лига – Исток го заврши на третото место со 22 бодови на своето конто, шест помалку од непоразениот лидер Победа Валандово, па тоа ќе биде предизвик за тимот од Свети Николе да успее да го стигне лидерот од Валандово и да дојде до посакуваната цел.

Во следниот период се очекува да пристигне и некое засилување во тимот од Свети Николе, а со тоа Овче Поле да има поквалитетен ростер во трката за челната позиција и баражот за Втора лига.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Тесна трка за „Златната копачка“: Тројца стрелци веќе имаат по пет гола во Трета лига регион 3

По четири кола во Трета лига регион 3 дури тројца играчи го делат врвот од листата на најдобри стрелци, а имаат постигнато по...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи кои во целост разочараа, ако се земе предвид фактот со какви...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!