Втора лигаФудбал

ФК Беласица со три нови засилувања пред продолжението на сезоната

Сподели
Сподели

Беласица интензивно работи на јакнење на тимот во пресрет на продолжението од сезоната, а како дел од трансфер-активностите во клубот пристигнаа три нови засилувања – Давид Ристовски, Благој Стојанов и Гордан Дамчевски.

Давид Ристовски е нов фудбалер на Беласица и во Струмица доаѓа од редовите на прволигашот Брера. Станува збор за играч за врска кој се одликува со добра техничка поткованост, визија во играта и способност да одговори на повеќе тактички задачи во средниот ред. Од него се очекува да донесе стабилност и креативност во организацијата на играта.

Во редовите на „сините“ се враќа и Благој Стојанов, фудбалер од средниот ред кој повторно ќе го носи дресот на струмичкиот клуб. Стојанов пристигнува од второлигашот Кожуф, каде што имаше солидни настапи и континуитет во формата. Добро ја познава средината, а неговото искуство, борбеност и работна етика се очекува брзо да се вклопат во системот на Беласица.

Третото засилување е Гордан Дамчевски, кој настапува на позицијата стопер. Дамчевски ќе ја засили одбранбената линија на Беласица и треба да донесе дополнителна сигурност и цврстина во дефанзивата. Неговите физички предиспозиции, чувство за позиционирање и дуел-игра се важен адут за екипата во борбата за позитивни резултати.

Од таборот на Беласица веруваат дека со овие три засилувања ќе се подигне квалитетот и конкуренцијата во тимот, а новите фудбалери ќе дадат значаен придонес во остварувањето на клупските цели во вториот дел од сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!