Втора женска фудбалска лигаФудбал

Александра Рубаноска пред интернационален предизвик во тренерската кариера

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Младиот тренер Александра Рубаноска е пред нов значаен чекор во својата кариера, откако 24-годишната охриѓанка се раздели со поранешниот шампион ЖФК Билјанини Извори од Охрид.

Рубаноска во изминатиот период беше шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на Билјанини Извори, а паралелно работеше и со младинските категории на клубот, кој во актуелната сезона има јасна амбиција за враќање во Првата женска фудбалска лига.

По завршувањето на ангажманот во матичниот клуб, Рубаноска е пред можност за градење на интернационална тренерска кариера, а се очекува во наредниот период преговорите да добијат позитивна завршница и таа да стави потпис на договор со клуб надвор од Македонија.

Како фудбалерка, Рубаноска настапуваше за Билјанини Извори и за струшкиот Ас Јунајтед, по што донесе одлука целосно да се посвети на тренерската професија. Таа поседува УЕФА Б лиценца, а веќе има и интернационално искуство, откако шест месеци работеше со младинските категории на ЖФК Дубровник, во рамки на процесот на стручно стажирање. Новиот ангажман во странство би претставувал чекор напред во развој на нејзината тренерска кариера.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!