Ракомет

ФОТО: Радовиш тргна во борба за опстанок: Спасе Ѓорѓиев се врати на тренерското столче!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Ракометниот клуб Радовиш официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата, со јасна цел – опстанок во елитата. Тимот повторно е предводен од старо-новиот тренер Спасе Ѓорѓиев, кој се враќа на клупата во исклучително тешка и предизвикувачка ситуација. Првиот собир беше во СРЦ „25 Мај“ каде беше одработен и првниот тренинг, откако претходно, ракометарите, стручниот штаб и управата на клубот одржаа состанок.

Ѓорѓиев добро го познава клубот – тој е поранешен играч на РК Радовиш каде ја помина речиси целата кариера, а беше и тренер на клубот со голем успех, откако во минатото, заедно со Александар Долдуров, експресно успеа да го врати Радовиш од Првата лига во Суперлигата. Овој пат, задачата е уште потешка – спас на клубот од дното на табелата, каде што Радовиш го заврши есенскиот дел без освоен бод.

На првата прозивка и тренинг присуствуваа речиси сите ракометари, а неколкумина се очекува да се приклучат во наредните денови. На состанокот се анализираше досегашниот тек на сезоната, со фокус на корекција на грешките и подобрување на резултатите во плеј-аут фазата.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

 

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

Иако ситуацијата е комплицирана, во клубот владее оптимизам. Ракометарите веруваат дека со максимален ангажман, дисциплина и тимска работа можат да стигнат до првите бодови и да се вклучат во реална борба за опстанок.

Паралелно, раководството води преговори со неколку потенцијални засилувања, кои би требало да бидат промовирани во наредниот период, а планирани се и неколку пријателски натпревари како дел од подготовките. Кон првиот тим се приклучени и неколку млади ракометари од младинската школа со што добиваат шанса и во сениорскиот тим, а некои од нив веќе дебитираа за првиот тим во есенскиот дел од сезоната, со што значително добиваат на тежина со настапите во Суперлигата и натпреварите против големи екипи.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

 

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

Со оглед на тоа што пролетниот дел од сезоната стартува на 6/7 февруари, времето е ограничено, па Радовиш веќе работи со полна пареа. Спортска Мрежа беше присутна на првиот тренинг, кој помина во позитивна атмосфера и означи почеток на зимските подготовки под водство на Спасе Ѓорѓиев – со една јасна цел: опстанок во Суперлигата.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

 

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!