Прва лигаФудбал

Шкендија се раздели со Флорент Рамадани и Фитон Адеми

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шампионот Шкендија официјално потврди дека Флорент Рамадани и Фитон Адеми нема да бидат дел од клубот во продолжението на шампионатот. По инсистирање на самите фудбалери, раководството на тетовскиот клуб покажа разбирање и им овозможи да побараат нови средини каде што ќе добијат поголема минутажа и простор за игра.

Како што соопшти клубот, договорите со двајцата фудбалери се раскинати по заемна согласност. И Рамадани и Адеми во изминатите години беа важен дел од проектот на Шкендија, растејќи професионално и давајќи максимум секогаш кога беа на располагање на стручниот штаб. Од клубот потенцираат дека нивната посветеност, професионализам и коректен однос секогаш биле на високо ниво, поради што одлуката за разделба е донесена во духот на меѓусебна почит и соработка.

Флорент Рамадани, 25-годишен играч од средниот ред, беше член на првиот тим на Шкендија цели шест сезони. Во тој период запиша вкупно 145 официјални настапи, од кои 119 во првенството, пет во Купот на Македонија и 21 во европските натпреварувања, постигнувајќи 20 голови. Како стабилен и посветен играч, тој остави силен печат во средниот ред на „црвено-црните“.

Од друга страна, 23-годишниот напаѓач Фитон Адеми беше дел од првиот тим во последните три сезони, откако претходно настапуваше за Струга, Воска и Беса од Добердол. Во дресот на Шкендија одигра 70 официјални натпревари (53 првенствени, пет куп-натпревари и 12 во Европа), при што постигна 17 голови и даде значаен придонес во офанзивата на тимот.

ФК Шкендија им се заблагодари на Флорент Рамадани и Фитон Адеми за сè што направија за клубот и им посака многу успех во продолжението на нивните професионални кариери.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!