Европско првенство 2026Ракомет

Волф блескаше кога беше најпотребно – Германија стартуваше победнички против Австрија

Сподели
ФОТО: Handball AUSTRIA
Сподели

Без поголеми изненадувања помина првата натпреварувачка вечер на Европското првенство за селекцијата на Германија. „Панцирите“ во регионалното дерби ја совладаа Австрија со 30-27, во интересен меч до самиот финиш, кога Австријците успеаја да се доближат, но сепак без сили за сензација.

Дуелот меѓу Германија и Австрија, беше многу рамноправен, но искуството и дисциплината на германскиот состав се покажаа како клучни. Иако Австријците во неколку наврати успеваа да се вратат во резултатска рамнотежа, фаворитот секогаш наоѓаше одговор во вистинскиот момент.

Клучна улога одигра расположениот голман Андреас Волф, кој со серија интервенции го држеше „бундес тимот“ во предност, особено во периодите кога одбраната попушташе.

Германија успеа да создаде солидна разлика уште во првиот дел, а иако Австрија се закани во финишот, драмата беше спречена со навремени и клучни одбрани, како и смирена реализација во нападот.

Германците го отворија шампионатот со максимален учинок и самодоверба за продолжението на натпреварувањето.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на...

Поврзани написи
Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!