Ракомет

ФОТО: Еурофарм Пелистер стартуваше со подготовките без девет репрезентативци

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер го означи стартот на подготовките за продолжението од сезоната, така што ракометарите денеска се собраа во салата „Боро Чурлевски“ и го одржаа првиот тренинг во новиот циклус.

Поради настапите на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, на располагање не беа девет репрезентативци, па тренажниот процес засега се одвива со скратен ростер. Првата сесија беше реализирана под водство на асистент-тренерот Алексо Лембанов, по претходно одржаниот работен состанок со екипата.

Во наредните денови се очекува пристигнувањето на новиот тренер, Стевче Алушовски, како и комплетирање на тимот со вклучување на Алем Хаџиќ и Сеид Хеидарирад. Паралелно со тоа, репрезентативците – Кузмановски, Ристевски, браќата Атанасијевиќ, Пешевски, Митревски, Хенигман, Тајник и Видомски – ќе се приклучуваат по завршувањето на своите обврски на континенталниот шампионат.

Подготовките во текот на јануари ќе се реализираат во Битола, а планирано е и одигрување на неколку контролни натпревари со цел темпирање на формата.


Првиот официјален предизвик во продолжението од Суперлигата пелистерци ќе го имаат на 7 февруари, кога ќе се соочат со Еурофарм Пелистер 2, додека настапите во Лигата на шампионите продолжуваат на 19 февруари со домашниот дуел против Висла Плоцк.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!