Втора лигаФудбал

ФОТО: Второлигашот Беласица денес ги започна зимските подготовки

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Второлигашот Беласица денес ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната под водство на шефот на стручниот штаб Панче Стојанов.

На првиот тренинг се појавија сите играчи на кои Стојанов може да смета и неколку играчи од младинскиот погон. Како што истакнуваат од клубот овие денови ќе бидат промовирани неколку нови играчи кои ќе бидат освежување во ростерот на струмичката фудбалска гордост.

Од Беласица истакнуваат дека целите остануваат исти, да се освои едно од местата кои што водат кон Прва лига. Првиот тренинг беше одработен на теренот со вештачка трева во Струмица.

Како што веќе објави Спортска Мрежа има неколку заминувања од клубот, дресот на Беласица повеќе нема да го носи најдобриот стрелец од есенскиот дел Бојан Спиркоски, Марио Дебрешлиоски, Максим Цониќ, Марио Наумоски и Стефан Секирски.

Беласица презимува на четвртото место со 31 бод, има пет помалку од лидерот Охрид која има 36 бодови. Струмичани пролетниот дел го отвараат на домашен терен со Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!