ИнтернационалциПрва лигаФудбал

Мато од лето се сели на „Тајнкасл“ – Вардар останува без својот голгетер, Хартс потврди тригодишен договор

Сподели
ФОТО: HeartofMidlothianFC | facebook
Сподели

Роџерс Мато ќе ја продолжи кариерата во шкотската Премиер лига, откако Хартс официјално потврди дека постигнал договор со офанзивецот на Вардар за трансфер по завршувањето на сезоната. Репрезентативецот на Уганда во јули ќе се пресели во Единбург како слободен играч и ќе потпише договор на три години.

Иако постоеја обиди Мато да биде задржан во Скопје, договорот со „црвено-црните“ истекува на лето, а шкотскиот клуб уште претходно го имаше идентификувано како приоритетно засилување. Интересот на Хартс беше актуелен и во зимскиот преоден рок, но тогаш не дојде до реализација на трансферот.

Од Хартс потенцираат дека Мато зад себе има извонредна сезона и дека станал еден од најбараните напаѓачи во Европа благодарение на својата ефикасност. Во актуелната сезона 2025/26, крилниот напаѓач постигна 12 голови на 13 натпревари, со што даде голем придонес Вардар да се искачи на врвот на табелата. Претходно, во својата прва сезона во клубот, Мато помогна Вардар да обезбеди пласман во квалификациите за Конференциската лига и да го освои Купот на Македонија.


Фудбалската приказна на 22-годишниот Мато започна во родната Уганда, како продукт на Пролин ФК од Кампала, по што настапуваше во домашната Премиер лига. Првото европско искуство го имаше во Турција со Шанлиурфаспор, а во македонскиот фудбал пристигна во февруари 2024 година, кога потпиша за АП Брера. Една година подоцна беше ангажиран од Вардар, каде експлодираше со своите настапи.


Мато има и значајна улога во националниот тим на Уганда. Деби за „Жеравите“ забележа во 2022 година, а досега има 41 настап и осум погодоци, меѓу кои и гол на последниот Африкански куп на нации.

Со трансферот во Хартс, Мато од лето ќе го замени Балканот со Единбург и ќе стане дел од екипата предводена од Дерек МекИнс, додека Вардар ќе мора да бара ново офанзивно решение за следната сезона.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!