Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Молдавци ќе ни судат со Данска, а Митревски и Тодоровски дебитираат во Малме

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ја објави судиската распределба за првото коло од Европското првенство 2026, а дуелот меѓу Данска и Македонија ќе биде доверен на молдавските арбитри Алексеј и Игор Ковалчиук.

Натпреварот од групата Б, во кој македонската репрезентација ќе се соочи со главниот фаворит за златниот медал, е закажан за 16 јануари во Хернинг и ќе претставува вистински тест уште на самиот старт на шампионатот.

По неочекуваното отстранување на Начевски и Николов од судиската листа „во пет до дванаесет“, Македонија на ЕП 2026 ќе има само една судиска двојка. Станува збор за битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои за првпат ќе ја претставуваат нашата земја меѓу европската елита на едно Европско првенство.

Митревски и Тодоровски своето деби на големите натпреварувања ќе го имаат на 17 јануари, кога во рамки на групата Е, во Малме, ќе ја делат правдата на дуелот меѓу домаќинот Шведска и селекцијата на Холандија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!