Европско првенство 2026Ракомет

Португалија без Еспиња на ЕП — Вардаровиот голман отпадна од списокот

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Португалската репрезентација ќе настапи без голманот на Вардар, Мигел Еспиња Фереира, на претстојното Европско првенство, на кое во групната фаза меѓу противниците ќе ѝ биде и Македонија.

Иако селекторот Пауло Переира првично сметаше на неговото искуство — особено по повредата на Диого Рема — одлуката е Еспиња да не биде дел од составот. Причината лежи во фактот што тој сезонава нема забележано ниту еден официјален настап.

Неговото место во националниот тим ќе го пополни Педро Гашпар, кој брани за шпанската Куенка, додека како дополнителни опции се споменуваат Густаво Капдевил од Бенфика и Диого Валерио од Олимпијакос.

Португалија пред започнувањето на ЕП ќе одигра подготвителен турнир во Шпанија, а дуелот со Македонија е закажан за 18 јануари во Хернинг.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!