Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Еве како ќе изгледа ракометната репрезентација на Македонија на Европското првенство!

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација ја приведе кон крај подготовката за настапот на Европското првенство, а селекторот Кирил Лазаров го потврди конечниот список од 19 ракометари кои ќе ја претставуваат земјава на континенталниот собир. По базичните подготовки, фокусот сега е ставен на воигрување и тактичка подготвеност преку серија контролни натпревари.

Македонија од 8 до 10 јануари ќе настапи на Жолтиот куп“ во Швајцарија, каде ќе ги одмери силите со селекциите на Бахреин, Украина и домаќинот Швајцарија, додека на 13 јануари е закажан и последниот тест против данскиот прволигаш Митјиланд. По овие проверки, експедицијата ќе се упати кон Хернинг, каде ќе започне Европското првенство.

На голманската позиција ќе бидат Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Мартин Томовски (Битигхајм, Германија) и Иван Галевски (Алкалоид).  Леви крила се Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) и Иван Џонов (Алкалоид), а пак десни крила Ненад Костески (Алкалоид) и Никола Костески (Алкалоид).


Средни бекови во нашата репрезентација на ЕП ќе бидат Марко Митев (Алкалоид) и Игор Ѓорѓиев (Алкалоид), додека пак леви бекови ќе бидат Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) и Дамјан Митев (Алкалоид).

Десни бекови во македонската репрезентација за ЕП ќе бидат Мартин Серафимов (Алкалоид) и Мартин Велковски (Алкалоид), а пак кружни напаѓачи: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер), Никола Марковски (Алкалоид), Марко Стојковиќ (Алкалоид) и Михаил Аларов (Алкалоид).


Од поширокиот список поради повреда отпадна Томислав Јагуриновски, додека по одлука на стручниот штаб со репрезентацијата нема да патува ниту Мартин Ивановски.

На Европското првенство Македонија ќе настапи во силна група со Данска, Португалија и Романија. Првиот натпревар е против домаќинот Данска, по што следуваат дуелите со Португалија и Романија, со јасна цел конкурентен настап и достоинствено претставување на македонскиот ракомет на европската сцена.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милеска го објави списокот на фудбалерки за турнирот во Струмица

Селекторката на репрезентацијата до 17 години, Катерина Милеска го објави списокот на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот на фудбалери за контролните натпревари со Бугарија

Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Марин Петков: Победа против Луксембург е клучна за нашата селекција

Младиот бек Марин Петков повторно е дел од сениорскиот национален тим на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот Македонија – Луксембург

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот Македонија-Луксембург, кој е дел...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!