Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум го промовираше голманот Васко Василев

Сподели
ФОТО: Струга Трим Лум
Сподели

Прволигашот Струга Трим Лум официјално го потврди ангажманот на новото засилување за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, со што клубот дополнително ја засилува конкуренцијата во голманската линија.

Новиот член на актуелниот прволигаш е младиот голман Васко Василев, кој во Струга пристигнува од редовите на Работнички. Василев во дресот на скопскиот тим запиша 13 настапи во првенството, при што стекна драгоцено искуство на највисоко домашно ниво. Претходно, во текот на две сезони, 21-годишниот чувар на мрежата беше дел од екипата на Гостивар, каде што имаше значајна улога и континуитет во настапите.

Со трансферот во Струга Трим Лум, Василев ја продолжува кариерата во амбициозна средина, а од него се очекува да донесе дополнителна стабилност и сигурност меѓу стативите во вториот дел од сезоната, во кој стружани ќе се борат за остварување на своите првенствени цели.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!