Прва лигаФудбал

Вардар го договори Едиз Спахиу до јуни 2028 година

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Вардар ја продолжи соработката со Едиз Спахиу до јуни 2028 година, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на верноста.

24-годишникот минатата година во зимскиот преоден рок пристигна од екипата на Тиквеш откако со тимот од Кавадарци ја подигна Куп титулата, а минатата година тоа го стори и со Вардар откако одново го освои Купот на Македонија.

Се работи за извонредно брз, експлозивен, интелигентен играч од нападот, од кого црвено-црните“ очекуваат уште многу погодоци во противничките мрежи, притоа обезбедувајќи услови за тренинг и напредок како во ниту еден клуб во државата.


Покрај за Вардар и Тиквеш, Спахиу има настапувано и за екипите не Гостивар, Вардар Форино и Шкендија.

Во есенскиот дел за Вардар настапи на 16 натпревари во Првата лига и постигна два гола со две асистенции, а на теренот помина 312 минути, додека пак во Купот на Македонија запиша четири натпревари со една асистенција, а на стапи и на четирите натпревари од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА со 79 минути на теренот.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!