Втора лигаФудбал

Николче Шаркоски се раздели со Кожуф – ќе продолжи во нова средина!

Сподели
Сподели

Николче Шаркоски не е повеќе фудбалер на Кожуф, откако искусниот играч одлучи да се раздели со второлигашот од Гевгелија, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

31-годишниот прилепчанец само шест месеци помина во тимот од Гевгелија, а во Кожуф пристигна од редовите на скопски Вардар. Сепак, искусниот фудбалер ќе има нов предизвик во својата кариера, а како што дознава Спортска Мрежа, Шаркоски останува во македонскиот фудбал. Интерес за него има веќе од страна на неколку клубови кои го ставија на радарот, а сега во обид да се обезбеди негов потпис.

Низ својата кариера покрај за Кожуф и Вардар, прилепчанецот настапуваше и за екс прволигашот Воска Спорт од Охрид, Работнички, Брера Струмица, прилепска Победа и 11-ти октомври од Прилеп.

Шаркоски минатата сезона со Вардар ја освои Куп титулата. Во фудбалската елита на Македонија, Шаркоски има 208 натпревар натпревари со 26 погодоци и 21 асистенција.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!