Ракомет

ЕХФ им укажа доверба: Карбеска и Илиева ќе судат во Лигата на шампионите

Сподели
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од 9. коло во женската Лигата на шампионите, при што македонската судиска двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева доби ново значајно меѓународно признание.

Карбеска и Илиева ќе ја делат правдата на дуелот меѓу хрватскиот шампион Подравка и францускиот вицепрвак Брест Бретањ, натпревар кој е дел од елитното европско натпреварување. За делегат на средбата е назначена Кристина Фернандез од Шпанија.

Натпреварот ќе се одигра на 11 јануари со почеток од 14:00 часот, во спортската сала „Јосип Самарџија Бепо“ во Копривница.

Довербата од ЕХФ претставува уште една потврда за квалитетот и континуираниот напредок на македонското судење на меѓународната ракометна сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!