Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров: Да ја подобриме психолошката подготовка и самодовербата пред Европското првенство

Сподели
ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија
Сподели

Mакедонската ракометна репрезентација е комплетна  со доаѓањето на Мартин Томовски и со сите сили ја одржува формата пред турнирот во Швајцарија и подоцна патот за Хернинг. Селекторот потенцира дека менталитетот е многу важен и само со правилен пристап можеме да се надминеме себеси во Данска.

По вечерашниот тренинг селекторот Кирил Лазаров зборуваше со новинарите.

„Планираното го остваривме и треба да знаеме дека трениравме доста интезивно овие осум дена, каде што првиот дел од поделивме на два дела, во Скопје и во Хрватска. Имавме идеални услови, особено во Хрватска за тренинг, бидејќи имавме на располагање сала во хотелот, имавме фитнес центар. Имавме одлична контролна средба, со оглед на интезитетот на тренирање, задоволен сум од натпреварот. Знам дека имаме доста работи за поправање, но ни остануваат 15 дена, знаеме што треба да работиме и на што да обрнеме внимание.

Секогаш зборувам за нашиот менталитет, малку можеби сум здодевен, но тоа е така. Психолошка подготовка и самодовербата мора да ги поправиме, знам дека тоа тешко се менува поготово кога играчот ќе стигне до одреден број на години, не можеш да му промениш одредени навики кои ги има стекнато како мал, но одиме на тоа да го промениме тој менталитет и дека треба да веруваме во невозможното”, рече селекторот Кире Лазаров.

Селекторот ќе го направи последниот пресек на списокот пред патот за Швајцарија, каде нашите ракомегари ќе го имаат последниот тест пред Европското првенство.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!