Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров: Задоволен сум од досегашниот тек на подготовките, имаме позитивна атмосфера во тимот пред ЕП

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација влегува во завршната фаза од подготовките за настапот на Европското првенство, кое од средината на јануари ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. По неколкудневната работа во Скопје, „црвено-жолтите“ наскоро ќе заминат во Швајцарија, каде ќе одиграат неколку контролни натпревари што ќе послужат како финална проверка пред шампионатот.

Селекторот Кирил Лазаров истакнува дека е задоволен од досегашниот тек на подготовките, но потенцира дека конечниот список на ракометари сè уште не е затворен. Причина за тоа е здравствената состојба на одредени играчи, како и потребата внимателно да се процени формата на секој поединец. Во договор со Ракометната федерација на Македонија, планирано е на Европското првенство да патуваат 19 ракометари.

„Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, не треба да брзаме со конечниот список на патници на Европското првенство. Треба да почекаме да поминат уште овие два-три дена и потоа ќе се одлучи кои ќе настапат на шампионатот. Уште пред подолго време со федерацијата донесовме одлука за Данска да патуваат деветнаесет ракометари, бројка која што ќе биде доволна. Задоволен сум од досегашниот тек на подготовките, имаме позитивна атмосфера во тимот. Пред настапот на ЕП ќе одиграме три контролни средби кои ќе ни послужат за подигнување на формата, затоа што имаме играчи кои што имаат помала минутажа во своите клубови.“

Лазаров потенцира дека реалноста налага македонската селекција да се потпре на тимската игра и колективниот дух, наместо на индивидуалниот квалитет, кој е поограничен во споредба со останатите учесници на шампионатот.

„Бидејќи Македонија e мала земја, изборот на играчите можеби е најмал од сите селекции кои што ќе играат на ЕП. Треба да створиме добар колектив, добар систем кој што ќе функционира и слабостите квалитетно да ги покриеме. Се обидуваме да направиме добра хемија, да функционираме како тим и да живееме за тие предизвици. Ракометарите се во право кога велат дека е чест, светост и гордост да се носи националниот дрес. И ако така се чувствуваат сигурно дека ќе биде добро. Ние немаме голем број на поединци кои што ќе можат да изнесат еден ваков вид на турнир и треба да функционираме како тим. Бидејќи бевме поканети од Швајцарија да настапиме на овој турнир, не бевме во можност да ги бираме противниците, но сигурен сум дека не чекаат квалитетни тестови пред ЕП“, заврши Лазаров.

Европското првенство ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари, а Македонија ќе го отвори настапот со исклучително тежок предизвик против актуелниот светски шампион Данска. Во групната фаза следуваат уште дуелите со Португалија и Романија, по што ќе биде јасно колку македонската селекција ќе успее да ја капитализира подготвеноста и тимската кохезија што се гради во овој подготвителен период.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!