Ракомет

Мајнов: Сакаме Аеродром да биде расадник на млади играчи

Сподели
ФОТО: РК Аеродром
Сподели

Ракометниот клуб Аеродром ја заокружи есенската полусезона во Првата ракометна лига со пласман во ТОП 5 на табелата. Аеродромци собраа 14 бодови, со биланс од седум победи и шест порази, а формата во финишот беше особено охрабрувачка со четири триумфи во последните пет натпревари.

По завршувањето на полусезоната, импресиите ги сумираше претседателот на клубот, Лазо Мајнов, кој истакна дека е исклучително задоволен од досега сработеното, особено ако се земе предвид почетната ситуација во која се нашол клубот.

„Можам да кажам дека во досегашниот период морам да бидам презадоволен со оглед дека немав планови да преземам некој клуб. Кога дознав дека претходното раководство заминува веднаш почнаа преговорите. Мораше за краток период да се реорганизира клубот, но и да се формира играчки кадар.Затоа морам да бидам презадоволен од досега сработеното во првенството“, вели Мајнов.

За разлика од минатата сезона, кога Аеродром се бореше за опстанок низ плеј-аутот, годинава тимот се позиционира меѓу водечките екипи, што претставува јасен исчекор напред. Претседателот потенцира дека приоритет останува долгорочната стабилизација на клубот.

„Најбитно ми е во иднина да го застанеме клубот на здрави нозе, да се исплатат долговите и да биде финасиски стабилен. Драго ми е што една од главните задачи е остварена – враќањето на клубот во Јане Сандански каде и би требало да биде. Нема да биде лесна задача ама за Македонија да има репрезентативци и за да има македонски играчи во големите клубови и лиги мора да постојат клубови како Аеродром“, продолжи Мајнов.

Стручниот штаб на Аеродром го предводи поранешниот македонски репрезентативец Митко Стоилов, заедно со неговиот помошник, младиот стратег Мартин Бурчевски. Според раководството, насоката во која се движи тимот е вистинската.


„Тренерот Мите Стоилов и помошникот Мартин Бурчевски одлично го водат тимот ,имаат еден тим на преспективни играчи кој што верувам со тренинзите кои ги практикуваат и условите кои ги имаат резултатски само ќе напредуваме. Клубот Аеродром постои поради играчите сакаме Аеродром да биде расадник на млади играчи, најбитно ни е од играчите кои се кај нас да извадиме максимум и да направиме подобри играчи, сеедно дали ќе бидеме некое место погоре или подоле на табелата“, заврши Мајнов.

Пролетниот дел од шампионатот во Првата ракометна лига е закажан да продолжи кон средината на февруари, а во Аеродром со оптимизам го очекуваат продолжението на сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Поврзани написи
Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!