Кошарка

За Куп-титулата кај дамите ќе се борат Баскет Кам, Бадел, Крива Паланка и МЗТ

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Женскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ влегува во завршната фаза, откако по елиминациските дуели стана јасно кои четири екипи ќе се борат за трофејот. Баскет Кам, Бадел 1862, Крива Паланка и МЗТ Бела вода обезбедија пласман на финалниот турнир по настапите во осминафиналето, во кое учествуваа осумте клуба од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.

Бадел 1862 одигра доминантен меч против Пробаскет и со убедливи 93:62 без дилеми чекореше кон полуфиналето. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кога „баделки“ изградија висока предност, а до крајот рутински ја зголемуваа разликата. Марија Николов беше лидер со 23 поени, а значаен придонес дадоа и Чолакоска и Клири, која запиша дабл-дабл учинок.

Лидерот во првенството, Крива Паланка, ја оправда фаворитската улога и со 100:50 го совлада Патриот 2016. Прашањето на победникот беше решено уште по првите 20 минути (57:21), по што домашниот тренер им даде шанса на поширокиот ростер. Дури шест кошаркарки завршија со двоцифрен број на поени, што само ја потврди ширината и силата на тимот.


Највозбудливо беше во Скопје, каде МЗТ Бела вода со 77:69 го елиминираше Вардар. Гостинките имаа контрола во поголемиот дел од натпреварот, а клучна фигура беше Корли со дабл-дабл од 18 поени и 12 скока. Иако Вардар се обиде да се врати во финишот, искуството на МЗТ пресуди.

Ден порано, Баскет Кам без проблеми го обезбеди своето место меѓу најдобрите четири со убедлива победа над Спорт тим.

Во полуфиналето ќе се сретнат Крива Паланка и Бадел 1862, односно Баскет Кам и МЗТ Бела вода, а љубителите на кошарката ги очекува возбудлива завршница и битка за Куп-трофејот кај дамите.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!