Трета лигаФудбал

Спортска Мрежа дознава: ФК Светлост од Зрновци згаснува – општината повторно останува без фудбал!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Светлост од Зрновци нема да продолжи со натпреварување во Третата македонска фудбалска лига – Исток, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Според нашите информации кои Спортска Мрежа прва и ексклузивно ги објавува, клубот донел одлука целосно да згасне, што значи дека малата рурална општина Зрновци од источниот дел на Македонија повторно ќе остане без сениорски фудбал.

Светлост беше формиран пред околу две и пол години и веднаш остави белег, откако стана шампион во Општинската фудбалска лига во Кочани и обезбеди пласман во Третата лига – Исток. Минатата сезона забележа одлични резултати сезоната ја заврши во средината од табелата.

Во есенскиот дел од актуелната сезона, Светлост беше единствениот тим без победа, со само четири освоени бодови, заврши на дното на табелата, заедно со Дојранско Езеро со по 4 бодови, додека Малеш од Берово има пет.

И покрај слабите резултати во есенскиот дел, фудбалскиот клуб Светлост значеше многу за локалната заедница. Со повторното активирање на клубот беше обновен и саниран стадионот во општина Зрновци, каде по подолг период повторно се играше фудбал. Сега, со згаснувањето на клубот, стадионот повторно ќе остане без натпревари, а општината без фудбалски претставник.

ФОТО: Светлост Зрновци

Останува отворено прашањето дали во иднина ќе дојде до ново реактивирање на Светлост или ќе се формира нов клуб што ќе ја претставува општината Зрновци. Засега, иднината на фудбалот во оваа средина е неизвесна.


Згаснувањето на Светлост ќе има влијание и врз натпреварувањето во Трета лига – Исток. Во пролетниот дел од Третата лига – Исток ќе продолжат само 10 екипи, што значи дека во секое коло ќе има по две слободни екипи. Инаку, пред почетокот на сезоната учество на пријатели ланскиот второлигаш Вардарски, клубот од Богданци експресно испадна од Втора лига, но немаше сили да продолжи со натпреварување во Трета лига – Исток, па така наместо со 12 екипи сезоната започна со 11, а во пролетниот дел ќе продолжи со десет.

Спортска Мрежа минатата сезона реализираше спортска емисија токму од стадионот во општина Зрновци, каде зборувавме за успешната фудбалска приказна на ФК Светлост, плановите беа големи, но сепак, клубот застанува тука барем засега. Спортска Мрежа во многу наврати премиерно емитуваше натпревари на ФК Светлост како на домашен, така и на гостински терен.

Со згаснувањето на ФК Светлост, македонскиот фудбал, за жал, станува посиромашен за уште еден клуб и уште една фудбалска приказна што прерано заврши.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има уште еден исклучително успешен меѓународен настап, откако во Норвешка оствари одлични...

Турнири

Турнирот „Петровден“ без компромис: Екипата „Бел Мерцедес“ го заврши настапот во Мешеишта

Организаторите на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта испратија јасна порака дека правилата и принципите остануваат над сè, без разлика за...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Силекс ја темпира формата во Охрид – одлична атмосфера

Прволигашот Силекс од Кратово продолжува со темпирањето на формата во Охрид, а...

Прва лигаФудбал

Силекс продолжува да се засилува: Богданоски и Илиески нови адути за европските предизвици

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го комплетира играчкиот...

Прва лигаФудбал

Босански тандем за нападот: Силекс ги засили редовите со Шеро и Хасукиќ пред европските предизвици

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го засилува играчкиот...

Фудбал

Второ издание на Меморијалниот турнир „Гоце Коцевски“ ќе се одржи во јули – следуваат три дена исполнети со мал фудбал

По успешното премиерно издание, годинава по вторпат ќе се одржи Меморијалниот турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!