Втора лигаФудбал

Филип Димоски се раздели со Победа: Се гледаме во некои подобри времиња

Сподели
Сподели

Филип Димоски ќе има нов клуб во неговата кариера откако реши да си замина од прилепска Победа. 26-годишникот во Победа се врати пред почетокот на пролетниот дел минатата сезона и значително помогна Победа минатата сезона да избори директен опстанок во Втората лига.

Значително помогна и оваа полусезона, но сепак реши во зимскиот преоден рок да менува и да бара нов средина, а Победа одново ќе биде пред тешко искушение да избори опстанок во пролетниот дел.

Димоски со кратка порака го потврди неговото заминување од прилепскиот второлигаш.

„Се гледаме во некои подобри времиња“, потенцираше Димоски.

Низ својата кариера покрај за Победа има настапувано и за Детонит Плачковица, Охрид, Победа, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино, Осогово и 11-ти октомври.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!