Ракомет

ГРК Охрид го засили ростерот со хрватски кружен напаѓач – Прибетиќ потпиша до 2028

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб ГРК Охрид продолжува сериозно да го гради тимот за продолжението од сезоната и официјално го ангажираше хрватскиот кружен напаѓач Џанфранко Прибетиќ. Станува збор за 25-годишен ракометар кој доаѓа со богато меѓународно искуство и потпиша долгорочен договор со „гладијаторите“ до 2028 година.

Прибетиќ е роден во Ријека, висок е 196 сантиметри и важи за исклучително цврст и борбен играч на линијата од шест метри. Кариерата ја започна во Пореч, а најголемиот дел од своето афирмирање го доживеа во дресот на хрватскиот вицешампион Нексе, каде пет сезони настапуваше и во ЕХФ Европската лига, стекнувајќи значајно европско искуство.

Во изминатиот период беше дел и од германскиот бундеслигаш ТВБ Штутгарт, каде од летото 2024 година настапуваше во една од најсилните ракометни лиги во Европа, што дополнително го збогати неговиот играчки развој.

Новиот член на Охрид во 2019 година беше дел и од кадетската репрезентација на Хрватска, која настапи на Светското У19 првенство во Скопје и го освои 10. место.


Со доаѓањето на Прибетиќ, Охрид испраќа јасна порака за своите амбиции. Тимот ја заврши есенската полусезона на третото место со 29 бодови и во пролетниот дел ќе атакува на шампионската титула и Куп-трофејот, а воедно го очекува и европски предизвик во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп против чешка Дукла Прага.

Нема дилеми дека Џанфранко Прибетиќ ќе биде значајна алка во мозаикот на тренерот Борис Ројевиќ во борбата за трофеи на домашната и европската сцена.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!