Останато

Скопје и Калe, голема арена на традиционално борење овој викенд

Сподели
Сподели

Оваа недела, Скопје ќе биде домаќин на значајна манифестација на традиционално борење, кое важи за едно од најголемите натпреварувања од овој тип некогаш одржани во нашата земја. Настанот ќе се одржи во СРЦ Кале, кое во недела ќе биде претворено во вистинска спортска арена.

На овој настан ќе учествуваат најдобрите борачи од Македонија, како и спортисти од Грција, Азербејџан и специјални гости од Турција, вклучувајќи и шампиони “Başpehlivan” од престижниот турски турнир Киркпинар, кој се одржува повеќе од 600 години во Едрене – Турција. Присуството на овие имиња ќе ја направи манифестацијата вистински празник на спортот, традицијата и почитта.

Организатор на овој настан е Татин Кехаја од Скопје, кој со оваа манифестација во главниот град носи уникатен спортски спектакл и достојна промоција на традиционалното борење, будeјќи голем интерес кај публиката и љубителите на овој спорт.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер. На стадионот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!