ФудбалФутсал

Тотална доминација на Проект – есенски шампион без ниту еден пораз, титулата на пат кон Јосифово!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Тотална доминација во есенската полусезона во Првата футсал лига на Македонија, тимот на Проект буквално ги декласираше своите противници и без проблем стигна до неверојатна статистика, но притоа поранешниот шампион на Македонија и учесник во квалификациите во Лигата на шампионите стана есенски шампион без ниту еден пораз.

Млад тим, надополнет со неколку поискусни играчи – девет од девет, неверојатно ефикасен напад од 87 постигнати погодоци, одбрана која е речиси двојно, тројно подобра од останатите со примени само 13 погодоци, со плус шест во однос на бранителот на титулата Форца, тимот од Куманово е втор со минус шест бода негатива.

Титулата е на добар пат да се врати во Јосифово, Проект влезе сигурно, мирно во почетокот на сезоната, а потоа моќно „распали“ ги „искината“ мрежите ги декласираше противниците и застана на чело на табелата како тим кој апсолутно издоминира.

Во продолжение комплетната табела на Првата футсал лига, а ние како што најавивме во следниот период ќе имаме емисија посвета на Првата футсал лига, комплетни статистики и анализи и очекувања за пролетниот дел, засилувања, можни промени.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ Проект 9 9 0 0 87 13 +74 27
2 КМФ Форца 2015 9 7 0 2 72 38 +34 21
3 КМФ Кеги-Моби Велес 9 7 0 2 37 23 +14 21
4 КМФ Бутел 2022 9 4 1 4 33 42 -9 13
5 КМФ Клими Кавадарци 9 4 0 5 32 35 -3 12
6 КМФ Јувентус Серава 9 4 0 5 42 51 -9 12
7 ФК Балкан 2017 / КМФ 9 3 0 6 58 88 -30 9
8 КМФ Осогово 2022 Крива Паланка 9 3 0 6 42 75 -33 9
9 КМФ Мал Ајакс 9 2 0 7 39 54 -15 6
10 КМФ Шкупи 1927 ДОО 9 1 1 7 30 53 -23 4


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!