ФудбалФутсал

Проект со фудбалска лекција во Бутел: 1:11 за совршена есен и +6 пред шампионот!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Проект на најубедлив можен начин ја затвори есенската полусезона во Првата футсал лига, откако вечерва на гостински терен го декласираше Бутел со убедливи 1:11, во рамки на последното есенско коло.

Победата на поранешниот македонски шампион беше најавена уште во првото полувреме, по кое тимот од Јосифово замина на одмор со високи 0:5. Во продолжението, Проект додаде уште шест погодоци, додека домашните постигнаа почесен гол за конечни 1:11.

Најрасположени во победничкиот табор беа Марио Благојевски и Бојан Јанев, кои постигнаа по хет-трик. Горан Стојанов се запиша со два погодоци, а по еднаш прецизни беа Мартин Тодоровски, Трајче Димитриев и Ѓорги Коцевски. Единствениот стрелец за Бутел беше Лазар Пеев, кој погоди во 38. минута.


Со оваа победа, Проект ја заокружи есента со максимален учинок – девет победи од девет натпревари и 27 освоени бодови. Тимот на Игор Димов заминува на зимска пауза со шест бода предност во однос на актуелниот шампион Форца, кој ќе презими на второто место, додека Бутел ќе ја дочека паузата како четвртопласиран со 13 бодови.

Во наредните денови, на Спортска Мрежа ќе можете да проследите специјална емисија посветена на есенскиот дел од Првата футсал лига, со детална анализа и статистички осврт на сезоната досега.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!