Ракомет

Ќосевски од Вардар се сели во Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид го официјализираше ангажманот на Ален Ќосевски, кој во продолжението од сезоната ќе го носи сино-белиот дрес.

24-годишниот Ќосевски, кој настапува на позицијата десно крило и е висок 184 сантиметри, потпиша договор на една и пол сезона со охридскиот суперлигаш. Тој доаѓа од редовите на РК Вардар 1961, каде што мина дури шест и пол сезони и стекна богато искуство настапувајќи на домашната и меѓународната сцена.

Во текот на својата кариера, Ќосевски има настапи за сите младински категории на Македонската машка ракометна репрезентација, а неговото име редовно се наоѓа и на поширокиот список на сениорската национална селекција.

Со доаѓањето на Ален Ќосевски, ГРК Охрид добива млад, но веќе докажан играч на крилната позиција, од кого се очекува значаен придонес во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!