Ракомет

Кои се најдобрите стрелци во Суперлигата? Најдобриот има 122 гола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Заврши есенската полусезона во ракометната Суперлига со одигрување на 18 кола, со што покрај пласманот на екипите познати се и повеќе статистики, а меѓу која и таа за најдобрите стрелци во ракометната елита на Македонија.

Најдобриот стрелец во Суперлигата доаѓа од редовите на Прилеп, Димитар Димитриоски кој пристигна летото во градот под Марковите кули постигна 122 погодоци на 18 натпревари, неговиот просек е 6.78 по натпревар.

На второто место е Мохамед Азиз Бен Махфоудх со постигнати 115 погодоци, исто така на 18 натпревари, а пак ракометарот на Пролет, Давор Палевски има 107 погодоци на 18 натпревари. Уште двајца ракометари има со троцифрен број на погодоци – Филип Николов за Бутел одигра 17 натпревари и постигна 100 погодоци, а пак Александар Стојков е најдобар стрелец за Куманово со сто гола.

Останатите ракометари имаат двоцифрен број на погодоци – Здравко Постолов е најдобар стрелец на Радовиш, а на листата на стрелци е шести со 93 гола, но со 16 натпревари, Наум Костов за Струга постигна 89 гола и се наоѓа на седмото место, а толку има и ракометарот на Прилеп, Денис Шабановиќ.


Пикерот Стефан Атанасовски за Струга постигна 86 гола и со тоа е деветти на листата на најдобри стрелци, а пак Петар Атанасијевиќ за шампионот Еурофарм Пелистер постигна 81 гола.

Најдобар стрелец на Вардар е Дмитро Хориха со 75 гола, а тој е на 13. место на листата на стрелци, а пак Мартин Серафимов со 74 гола е најдобар стрелец на Алкалоид, а се наоѓа на 15-тото место. Најдобар стрелец на Охрид е Дарко Џукиќ со 68 гола и се наоѓа на 19-тото место.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!