ФудбалФутсал

Ѓорѓи Ивановски со шест гола сам запиша победа – Кратово слави над ССК Скопје

Сподели
Сподели

Вечерва тимот на Кратово славеше голема победа над ССК Скопје на крилата на Ѓорѓи Ивановски со резултат од 7:3 во рамки на 9. коло на Втората футсал лига.

Ивановски вечерва во салата „Софија Петровска“ во Пробиштип постигна неверојатни шест гола, а еден гол беше дело на Горан Арсовски кој погоди во 30. минута.

За скопскиот тим во првиот дел погоди Лучијано Ибраимов во 19. минута, а во вториот дел двоен стрелец беше Реџеп Бислим. Во првиот дел беше 2:1, но во вториот дел Кратово се разигра преку расположението Ивановски и со победа ја затвара 2025 година.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби под рефлектори во Струмица, Беласица ќе го пречека Пелистер. На стадионот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!