Втора лигаФудбал

Беласица промовира млади играчи и нижи победи во Втора лига, најмладиот играч роден 2008 година!

Сподели
Сподели

Беласица е пример како се работи со млади играчи, пример за тоа како им се дава шанса на младите играчи, но и пример за тоа дека треба време, труд, енергија, да се жртвува сезона, да се загубат бодови и натпревари со цел екипата да се воигра и да започне да нижи победи.

АНАЛИЗА НА СПОРТСКА МРЕЖА – БЕЛАСИЦА Е УСПЕШЕН ПРОЕКТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА МЛАДИ ИГРАЧИ

Беласица на вчерашниот меч од вонредното 10. коло на Втората лига со 0:2 славеше над Скопје и тоа во Автокоманда на „Железарница“, терен кој важи за можеби најтешкиот за освојување на гостински бодови.

Во дуелот на двата поранешни прволигаши струмичани беа подобри од „пиратите“.

СОСТАВОТ НА БЕЛАСИЦА СО КОЈ НАСТАПИ ПРОТИВ СКОПЈЕ

На голот Беласица го имаше Ѓорги Трајков играч кој е роден 2004 година, а во првиот состав беа Борјан Попоски роден 2004 година, искусниот капитен Александар Милушев кој е највозрасниот роден 1988 годна, потоа тука се Зак Кочанковски роден 2003 година, Љупчо Христовски роден 2004 година, Костадин Капсаров роден 2005 година, Васко Глигоров е фудбалер роден 2003 година, Марио Дебрешлиоски е роден 2002 година, Ерсна Мустафа е млад играч роден 2006 година, Димче Јовов играч кој во иднина ќе биде одличен голгетер роден 2005 година, како и Стефан Младеновски роден 2004 година.

Овие беа играчите кои стартуваа од прва минута против Скопје, а на клупата за резерви беа млади играчи.


Втор голман на Беласица е Спаско Ахтаров роден 2006 гдина, а во вториот состав само Младен Љумовиќ беше највозрасен роден 1991 година, сите останати се млади играчи. Алекс Митров роден 2005 година, Илија Мадевски е роден 2007 година, Мирче Стоилов е 2004 година, Кире Стојанов е фудбалер роден 2005 година. Стефан Димов е млад фудбал кој е роден 2007 година, а иста генерација е и Стефан Трајков, Лука Војнески е роден 2004 година, а најмладиот фудбалер кој го имаше Беласица на мечот против Скопје беше Стефан Секирски кој е роден 2008 година, односно има 16 години.

Просечната старосна граница на фудбалерите на Беласица на мечот против Скопје беше 20 години.

СТАРОСНА ГРАНИЦА НА ФУДБАЛЕРИ НА БЕЛАСИЦА ПО КОЛО ВО ВТОРА ЛИГА СЕЗОНА 2024-2025:

КОЛО 1 против Арсими старосна граница на Беласица – 22 години
КОЛО 2 против Вардар Неготино старосна граница на Беласица – 22 години
КОЛО 3 против Охрид старосна граница на Беласица – 22 години
КОЛО 4 против Победа старосна граница на Беласица – 22 години
КОЛО 5 против Башкими старосна граница на Беласица – 22 години
КОЛО 6 против Новаци старосна граница на Беласица – 22 години
КОЛО 7 против Каменица Саса старосна граница на Беласица – 22 години
КОЛО 8 против Вардарски старосна граница на Беласица – 22 години
КОЛО 9 против Осогово старосна граница на Беласица – 21 година
КОЛО 10 против Скопје старосна граница на Беласица – 20 години

Просечната старосна граница на фудбалерите на Беласица во овие десет кола е 21,7 години.


ПРОСЕЧНА СТАРОСНА ГРАНИЦА НА ФУДБАЛЕРИТЕ ВО ВТОРАТА ЛИГА ПО ЕКИПА:

Башкими – 22,5 години
Вардар Неготино – 21 година
Осогово – 21,6 години
Охрид – 22,8 години
Новаци – 22,8 години
Арсими – 23,9 години
Беласица – 21,7 години
Борец – 24,4 години
Брегалинца – 23,3 години
Вардарски 22,3 години
Детонит Плачковица – 23,9 години
Каменица Саса 23 години
Кожуф – 22,9 години
Македонија ЃП – 26,4 години
Победа – 19,3 години
Скопје – 24,2 години

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

По десет одиграни кола Беласица има само еден пораз од Арсими во првото коло, потоа нанижа шест последовалните ремија, па нанижа три победа против Вардарски во Богданци со минимални 0:1, против Осогов на домашен терен со минимални 1:0 и против Скопје со 0:2.

На натпреварот против Скопје кој се одигра вчера стрелци на погодоците за Беласица беа Капсаров кој е роден 2005 година и Стојанов кој е роден исто така 2005 година.

39-годишниот стратег на Беласица, Александар Стојанов направи млада Беласица, млади и талентирани играчи пред кој има светла иднина, а кои веќе се носат со предизвиците во Втората македонска фудбалска лига.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026. Европското првенство ќе се одржи...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни – непоразениот лидер Проект е неприкосновен со максимални 21 бод со...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни...

ФудбалФутсал

Владимир Трендафиловиќ е херој – Бутел го доби Балкан во меч со 13 гола!

Бутел стигна до третото сезонско славје откако вечерва го доби дебитантот Балкан...

Втора лигаФудбал

Игор Иванов ќе им суди на Детонит Плачковица и Скопје

Со натпреварот во Радовиш кој ќе се одигра в петок меѓу Детонит...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!