Останато

Историски успех за македонското џудо: Две престижни европски признанија за ЏФМ и претседателот Владимир Трпаноски

Сподели
ФОТО: Џудо федерација на Македонија
Сподели

На 77. Конгрес на Европската џудо унија, одржан во Лас Палмас, Џудо федерацијата на Македонија испиша историја освојувајќи две исклучително значајни европски признанија.

Федерацијата беше официјално прогласена за Најдобар европски организатор за 2025 година, како резултат на беспрекорната организација на Европското првенство за кадети и на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF). Овие настани беа реализирани со врвен професионализам, одличен менаџмент, силна меѓународна соработка и исклучителна грижа за сите учесници, оставајќи траен и позитивен впечаток кај националните федерации од цела Европа.

Дополнително, Европската џудо унија му го додели престижното индивидуално признание „Hero of the Year“ на претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, како признание за неговото лидерство, визија, континуиран придонес и значајна улога во промоцијата и развојот на европското џудо.

Признанието е официјално потпишано од претседателот на Европската џудо унија, д-р Ласло Тот, на 14 декември 2025 година и претставува уште една потврда за високото реноме и угледот на македонското џудо на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Дејан Михајловиќ останува верен на Бутел Скопје – кружниот напаѓач потпиша до 2028 година

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со создавањето на ростерот за наредните сезони, а една од најважните задачи беше успешно завршена. Кружниот напаѓач Дејан...

Ракомет

Младоста продолжува да се засилува: Мартин Иванов ново десно крило за богданчани

Новиот суперлигаш РК Младост 1977 од Богданци продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во редовите на клубот е...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!