Ракомет

Десет гола за Ѓорѓи Орешков – Вардар Неготино убедлив против Овче Поле

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Тимот на Вардар Неготино со победа ја затвара 2025 година откако вечерва пред својата публика го доби убедливи Овче Поле со 43:34 во последниот меч од есенската полусезона во Првата ракометна лига.

Домашниот тим од почетокот започна да ја гради разликата од два до три гола, гостинот од Свети Николе се обидуваше да го следи резултатскиот чекор на Вардар Неготино кој беше фаворит на овој меч, но не успеваше во тоа.

Првите плус три Вардар Неготино ги имаше на 13:10 во 16. минута од мечот, а до крајот на првиот дел стигна до висока предност од 23:15, со што се најави дека бодовите остануваат во Неготино.

Во вториот дел немаше проблеми за Вардар Неготино кој рутински одигра и го доби мечот со високи 43:34, а овој меч се покажа со висока ефикасност од аспект на постигнати погодоци – вкупно 77.


Ѓорѓи Орешков беше прво име кај Вардар Неготино со десет гола, а по седум погодоци имаа Мице Шилегов и Мирослав Митевски. Кај екипата на Овче Поле најдобар стрелец беше Илија Димов со осум гола од кој два од линијата за седум метри, а пак Кристијан Коцевски постигна шест гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!