РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора У18 каде Македонија повторно славеше со 2:1.

Македонија прва го отвори резултатот во 21. минута, кога по една опасна акција и нафрлување во шеснаесетникот, Новак Фатиќ реагираше несигурно и со автогол ја испрати топката во сопствената мрежа. Тоа им донесе предност на нашите млади фудбалери и дополнителна самодоверба за продолжување со офанзивната игра.

Сепак, противникот не се повлече. Веднаш по примениот гол ја крена играта и успеа да ги стабилизира редовите. Нивниот притисок резултираше со израмнување во 27. минута, кога Андрија Вукоје успешно ја заврши акцијата и го постави резултатот на 1:1. Голот внесе нова неизвесност и го подигна интензитетот на натпреварот.

Во второто полувреме Македонија повторно ја презеде иницијативата. Само четири минути по почеток на второто полувреме , во 49. минута, Иво Марковски се најде на вистинското место и со прецизен удар ја врати предноста за нашата селекција. Голот се покажа како пресуден, бидејќи до крајот на средбата противникот не успеа да најде решение за добро организираната македонска одбрана.

Нашите млади репрезентативци ја задржаа контрола врз натпреварот, покажаа зрелост во клучните моменти и со умна игра го приведоа мечот до крај, обезбедувајќи уште една победа и дополнителна потврда за нивниот напредок.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!