Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со јасен план пред ЕП 2026 – четири контролни дуели и интензивни подготовки во три држави

Сподели
ФОТО: РФМ | АРХИВА
Сподели

Македонската ракометна репрезентација го финализира календарот на активности во пресрет на Европското првенство 2026, каде повторно ќе биде дел од најголемата континентална сцена. Националниот тим ќе одработи динамична програма со четири контролни пресметки и подготовки во Пореч, Скопје и Винтертур.

Подготовките стартуваат на 22 декември, кога селекторскиот штаб ќе го собере тимот за првпат пред големиот турнир. Само неколку дена подоцна, репрезентацијата ќе замине за Пореч, каде што ќе тренира заедно со светскиот вицепрвак Хрватска. Во рамките на тој мини-камп ќе биде одигран и првиот пријателски меч, закажан за 28 декември.

По хрватската етапа следува враќање во Скопје, каде ракометарите ќе продолжат со тренинзи до заминувањето за Швајцарија. На 7 јануари тимот патува за Винтертур, а веќе на 8, 9 и 10 јануари Македонија ќе биде дел од традиционалниот „Жолт Куп“, турнир на кој ќе се соочиме со селекциите на Швајцарија, Бахреин и Украина.

Веднаш по последниот натпревар на турнирот, репрезентацијата без пауза ќе замине директно за Данска, каде се планира уште едно последно тест-надмерување против противник што дополнително ќе биде потврден.


Македонија на Европското првенство ќе игра во Хернинг, во елитната арена „Јуске Банк Боксен“, а ривалите во групната фаза ќе бидат Данска, Романија и Португалија. Мечевите се закажани за 16, 18 и 20 јануари.

Со јасен и добро темпиран план, македонскиот национален тим влегува во завршните подготовки со цел да биде максимално подготвен за уште еден голем ракометен предизвик.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Македонија во АДИДАС дрес со жолта боја ќе игра против Данска во баражот за СП!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес информираше дека по истекот на договорот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Влатко Колев го објави списокот: Македонија У17 во битка за пласман на ЕП

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Влатко Колев го објави списокот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со нов чекор: формирани У-13 и У-15 селекции, Миркуловски и Матлиески ќе бидат селектори

Ракометната федерација на Македонија продолжува со развојот на младинските категории, откако на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Холандија

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Димитар Капинковски, го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!