Втора лигаФудбал

Кој резултат му одговара на Осогово за да презими како седми?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш ќе се комплетира есенската полусезона, а од мечот од 15. коло на Втората лига зависи и екипата на Осогово.

Популарните „жетвари“ кои зад себе имаат фантастична есен во моментот се седми на табелата со 24 бодови, но за да презимат како седми ќе треба „пиратите“ од Автокоманда да им завршат работа.

За Осогово да презими како седми на табелата ќе треба Детонит Плачковица да го загуби мечот со Скопје, па во таков случај радовишани ќе презимат како осми со 23 бодови, а Осогово ќе остане седми со 24 бодови.

Со реми во Радовиш, екипата на Детонит Плачковица ќе има 24 бодови, односно ќе избие на седмото место пред Осогово со ист број на бодови, а доколку радовишани ги добијат „пиратите“ тогаш ќе бидат седми со 26 бодови, два повеќе во таков случај од Осогово кој би бил осми.


Мечот се игра утре со почеток од 13 часот, а од овој меч зависи и позицијата на Беласица, какви комбинации им одговараат на струмичани, можете да прочитате овде.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ГФК Охрид Лихнидос 15 11 3 1 38 10 +28 36
2 ЗФК Шкендија Арачиново 77 15 11 2 2 25 9 +16 35
3 ФК Брегалница 2008 АД 15 10 3 2 31 9 +22 33
4 ФК Беласица АД 15 10 1 4 33 14 +19 31
5 ФК Скопје АД 14 9 2 3 32 15 +17 29
6 ЗФК Новaци 2005 15 8 3 4 25 11 +14 27
7 ГФК Осогово 15 7 3 5 23 13 +10 24
8 ФК Детонит Плачковица 14 6 5 3 20 10 +10 23
9 ФК Кожуф Гевгелија 15 5 7 3 18 10 +8 22
10 ФК Каменица Саса 15 4 5 6 32 30 +2 17
11 ФК Тетекс 1953 15 5 2 8 26 28 -2 17
12 ГФК Вардар Неготино 15 3 3 9 21 46 -25 12
13 ФК Победа АД 15 3 2 10 12 37 -25 11
14 ФК Преспа 15 3 0 12 16 37 -21 9
15 ФК Слога 1934 15 2 1 12 15 34 -19 7
16 ФК Големо Коњари 15 1 0 14 8 62 -54 3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!