Ракомет

Стрмљан повикува: ,,Срце на терен и поддршка од трибините против Пелистер!“

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Во рамки на 17. коло од Суперлигата, ГРК Охрид во недела ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер во „Билјанини Извори“. Се очекува тешка и неизвесна дерби- средба, а играчите се целосно фокусирани на тоа да го остават срцето на теренот и да ја израдуваат домашната публика.

Средниот бек на Охрид, Тилен Стрмљан го најави дуелот со Пелистерци. Тој истакна дека пред нив е предизвикувачки натпревар против Пелистер и дека е важно добро да се подготват. Исто така, ги повикува навивачите да дојдат на последниот домашен меч за годинава и да го поддржат тимот во потрагата по позитивен исход.

„На нас е добро да се подготвиме и на натпреварот да оставиме срце на терен. Натпреварот сигурно ќе биде многу интересен, затоа ги повкувам сите наши навивачи да ни се придружат на последниот домашен меч оваа година и да ни помогнат да стигнеме до што подобар резултат.“ – изјави Стрмљан.

Оваа недела, со почеток од 18:00 часот, „Билјанини извори“ ќе биде арената каде ГРК Охрид ќе се обиде да го предизвика фаворизираниот Пелистер, а поддршката од трибините ќе биде клучна за мотивирање на тимот кон добар резултат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!